САД
Изборот на спикер во Претставничкиот дом на САД во ќор-сокак
11.10.2023 11:59
Пратениците не можат да се договорат околу новиот лидер...

Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом е заглавено, една недела по соборувањето на спикерот Кевин Мекарти. Пратениците не можат да се договорат околу новиот лидер.
Политичкиот ќор-сокак се заканува да го задржи Конгресот делумно затворен на неодредено време.
