Лондон

Пожар на терминал на аеродромот „Лутон“ во Лондон

11.10.2023 16:42

Поради безбедност на патниците и персоналот летовите беа прекинати...

Голем пожар зафати паркинг на терминал на аеродромот „Лутон“ во Лондон. Поради безбедност на патниците и персоналот летовите беа прекинати. Стотици луѓе во моментов се блокирани во Лутон, бараат нови конекции за да се вратат дома

. Од аеродромот соопштија дека пламените јазици ја оштетиле инфраструктурата.  Лондонскиот аеродром „Лутон“ е петти по големина аеродром во Обединетото Кралство.