Македонија
Контролорите на летање на средба во Министерството за транспорт и врски
11.10.2023 16:53
Утре на аеродромите во Скопје и Охрид нема да има полетување и слетување од 11.00 до 17.00 часот...

Струковиот синдикат на контролори на летање е повикан на средба во Министерството за транспорт и врски попладнево, заедно со директорите на Македонска навигација.
Средбата е во пресрет на штрајкот што контролорите го најавија за утре од 11.00 до 17.00 часот а во тек на кој нема да ги опслужува полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, додека услугите за прелетите над македонското небо ќе бидат намалени за половина од редовните.
