мвр
Претреси во Велес и велешко, пронајдена дрога, приведени две лица
11.10.2023 17:39
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР...

Денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.И.(44) од Велес и Б.П.(35) од с. Башино село, велешко.
При претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Додека, при претрес во домот на Б.П., извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
