собрание
Џафери со честитка по повод 11 Октомври
11.10.2023 12:48
„Сплотени во одбрана на достоинствен живот“, порака од претседателот на Собранието Џафери...

Сплотеност за стабилна иднина – порача собранискиот спикер Талат Џафери во честитката до граѓаните по повод 11 Октомври.
„Ужасните вести што ги слушаме од блиските и далечните региони се аларм и потсетник дека мирот е кревок и треба да се негува, да се чува и штити, внатре и надвор. Секогаш сплотени и единствени, како граѓани и како човечки суштества, секогаш да застанеме во одбрана на достоинствениот и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија“, се наведува во честитката на Џафери.
