вмро-дпмне

Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври

11.10.2023 12:19

„Важно е да не ги заборавиме сите наши борби за независна Македонија“, порака од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по повод 11 Октомври-Ден на народното востание …

Важно е да не заборавиме, да се сеќаваме и да почитуваме! Важно е да не ги заборавиме сите наши борби за независна Македонија – пишува во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Да веруваме во нашите борби бидејќи историјата покажува дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна. На страната на правдата, за оние кои веруваат во вредности, и оние што веруваат во слободата, во заедничкиот живот и патриотизам.

Важно е да ја почитуваме и учиме историјата, да бидеме обединети и сплотени“ – стои во честитката на Мицкоски.