Сообраќај

73 санкции за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово

11.10.2023 20:15

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови...

Денеска во периодот од 12.00 до 18.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 73 возачи. За време на контролата санкционирани се и 16 други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.