Транспорт

Штрајкот на контролорите на летање во мирување

12.10.2023 08:51

Нема штрајк на контролорите на летање. Падна договор по синоќешната средба со министерот Бочварски. Ависообраќајот се одвива нормално...

По неколкучасовните преговори во Министерството за транспорт и врски кај министерот Благој Бочварски, Синдикатот на контролори на летање и тројцата директори на Македонска навигација (М-Нав) постигнале договор најавениот штрајк на контролорите за денеска, да се стави во мирување.

Сепак, според договорот, сите барања на Синдикатот ќе мора да се остварат до крајот на месецот. Бочварски ветил дека лично ќе го надгледува спроведувањето.