Македонија

ЕПИ денеска ќе ги презентира препораките од тематската работна група за пристапот до единствен европски пазар

12.10.2023 09:16

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска организира средба со новинарите на која ќе бидат презентирани препораките од тематската работна група за пристапот до единствен европски пазар, во пресрет на Форумот на граѓанското општество и тинк-тенкови 2023...

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска организира средба со новинарите на која ќе бидат презентирани препораките од тематската работна група за пристапот до единствен европски пазар, во пресрет на Форумот на граѓанското општество и тинк-тенкови 2023, во рамки на Берлинскиот процес.

ЕПИ е водечка организација за тематските работни групи за пристапот до единствен европски пазар.

Работната група за пристап до единствениот европски пазар ги истражува моделите за економска интеграција на Западен Балкан во ЕУ, а дискусијата особено се фокусираше на три клучни области: учество во Европскиот семестар, пристап до европските фондови и пристап до единствениот европски пазар.