ЦУК: Вчера имаше 34 пожари на отворен простор, активни се уште два
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи (СУК)...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи (СУК). Активни пожари сè уште два и тие се во општините Македонски Брод и Долнени.
Во Општина Македонски Брод, високо над с. Белица, на непристапен терен под Солунска Глава гори ретка борова шума во месноста „Аргулица“. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот сè уште е активен, при што е опожарена ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и било речиси невозможен пристап за лица коишто би го гаснеле пожарот од земја, а е отежнато било и за воздухоплови. Во текот на вчерашниот ден на терен биле пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод со два пожарникари и двајца вработени од ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“ од Македонски Брод.
Вториот активен пожар е во Општина Долнени, кај с. Небрегово, каде што гори мешана шума. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола, информира дека од 12:41 часот, вчера со 11 пожарникари и 2 ПП возила од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп интервенираат за гаснење на запалената шума во атар на с. Небрегово, над манастирот. Притоа бил загрозен Манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите е за негова заштита од огнот.
