НАТО
Во Брисел втор ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО
12.10.2023 09:32
Во фокусот состојбата во Украина, но и на Косово. Нато ќе стои зад Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, изјави генералниот секретар Столтенберг.

Во Брисел втор ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Во фокусот состојбата во Украина, но и на Косово. Нато ќе стои зад Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, изјави генералниот секретар Столтенберг.
Денешниот состанок ќе почне со кусо обраќање на првиот човек на Алијансата и на американскиот министер за одбрана. Потоа ќе се одржи состанокот на Северноатлантскиот совет во рамките на седницата на министрите за одбрана, со учество на шведскиот министер за одбрана.
