Македонското Собрание доби свој Парламентарен Институт
Тимот на Парламентарниот институт е составен од 25 државни службеници со соодветно образование, обучени и подготвени да одговорат на барањата на пратениците и потребите за изработка на анализи и истражувања...

Швајцарската влада ќе инвестира 4 ипол милиони евра во парламентариот институт, што ќе биде основан во земјава. Според примерот на другите парламенти на ЕУ, и македонското Собрание добива свој институт, каде што ќе се изучува европското законодавство преку компаративни анализи и истражувања.
Амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарото изрази задоволство што по 5 ипол години се заокружува проектот за Парламентарниот институт, посочувајќи на задачите што тој ќе ги извршува.
Тимот на Парламентарниот институт е составен од 25 државни службеници со соодветно образование, обучени и подготвени да одговорат на барањата на пратениците и потребите за изработка на анализи и истражувања.
Секој пратеник, како што појасни првиот парламнетарец Трајко Вељаноски, од новиот парламентарен состав, во веќе утврдена постапка, ќе може во писмена или електронска форма да поднесе барање за изработка на кратка информација, тематски, компаративни, статистички или хронолошки прегледи за одредени прашања и области кои се од доменот на негов интерес.
