Кино

Премиера на краткиот филм „Слобода“ во режија на Златко Ѓелески

12.10.2023 11:34

Во киносалата „Фросина“ во Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажан краткиот игран филм „Слобода“ во режија на Златко Ѓелески...

Вечерва, во киносалата „Фросина“ во Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажан краткиот игран филм „Слобода“ во режија на Златко Ѓелески.

Станува збор за краткометражен омнибус, спој на три приказни кои се одвиваат една зимска вечер во кафулето „Слобода“.

Режисер и сценарист на филмот е Златко Ѓелески. Филмот е продуциран од страна на Бранко Стојаноски, работен за „Блу Медија Моушен“ од Кичево, музиката и визуелните ефекти се на Љупчо Темелковски, директор на фотографија е Владимир Димоски, звукот е на Горазд Радески, а музиката на Љупчо Стефаноски.

Играат кичевските актери: Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски, Станко Стевановиќ, Тамара Ристоска, Весна Гаврилоска, Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески, Андреј Дукоски, Тале Никодиновски и Ренато Јеремоски.

Ова е третиот краток игран филм на режисерот Ѓелески.

 

 

 

 

Фото: / МЦК