Ракомет
Рекордна победа на македонските ракометарки против Азербејџан
12.10.2023 11:54
Женската репрезентација на Македонија забележа рекордна победа во квалификациите за континенталните собири, откако славеше со 23 гола против Азербејџан...

Женската репрезентација на Македонија забележа рекордна победа во квалификациите за континенталните собири, откако славеше со 23 гола против Азербејџан.
Досегашниот рекорд од 2000 година, кога Бугарија ја совладавме со 37-23 на домашен терен, беше израмнет во 2010 година, кога на гости ја победивме Литванија со исто толкава разлика, 33-19.
Рекордот сега е подобрен за девет гола, но Азербејџан не е мерило за квалитетот на Македонија, па посериозен испит ќе следува во март 2024 година кога ќе бидат одиграни двата меча со Шпанија, која е прв фаворит во нашата квалификациска група.