Македонија

МЗШВ е прво Министерство вклучено во CIDR програмата

12.10.2023 11:58

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска потпишувајќи го Меморандумот за разбирање, ја формализира соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и DAI како имплементатор на програмата CIDR за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска потпишувајќи го Меморандумот за разбирање, ја формализира соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и DAI како имплементатор на програмата CIDR за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура.

CIDR е програма која се реализира преку Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД, која дава поддршка на властите во земјите од Југоисточна Европа, преку обезбедување на развојна помош помагајќи им на институциите да ги инкорпорираат најдобрите практики за сајбер безбедност во организациските операции на своето делување.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има цел да ја подобри отпорноста на својата ИКТ инфраструктура против сајбер напади, воведувајќи ги најдобрите практики за сајбер безбедност. Токму според условите предвидени во програмата CIDR, DAI има намера да обезбеди техничка поддршка за остварување на овие предвидени цели на министерството.

Во таа насока за остварување на поставените цели од програмата CIDR, DAI на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку овој Меморандум ќе обезбеди поддршка во насока за подобрување на превенцијата и подготвеноста на можните закани за сајбер – безбедноста.