Кошарка

Париз Баскет во кошаркарскиот Еврокуп славеше против Венеција

12.10.2023 12:17

Париз Баскет славеше и во второто коло од групата „А“ во кошаркарскиот Еврокуп откако на гости со 75:81 славеше против Венеција...

Париз Баскет славеше и во второто коло од групата „А“ во кошаркарскиот Еврокуп откако на гости со 75:81 славеше против Венеција.

Тоа е веќе втора победа за француската екипа, а моментно во оваа група „два од два“ имаат и Бешикташ и Лондон лајонс. Хапоел Тел Авив кој стартуваше со победа требаша денеска да го игра мечот против Волвс, но истиот е одложен поради воената состојба во Израел.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс Беше најефикасен во победата над Волвс (кога постигна 20 поени), сега повторно е прв стрелец во својот тим со резултат од 18 поени (шест асистенции).