САД

Републиканците го номинираа Стив Скализ за претседател на Претставничкиот дом

12.10.2023 12:20

Републиканците го номинираа пратеникот Стив Скализ за нов претседател на Претставничкиот дом...

Републиканците го номинираа пратеникот Стив Скализ за нов претседател на Претставничкиот дом.

Скализ треба да го замени Кевин Мекарти кој беше сменет од функцијата.

Републиканците велат дека мора брзо да го решат лидерскиот вакуум што го спречи Домот да дејствува на војната во Израел, да одобри поголема помош за Украина и да се занимава со внатрешните прашања на САД.