Османи: Од Израел се вратени 60 македонски државјани, брачна двојка е заглавена во Газа
Петмина македонски државјани се вратени во Македонија, се очекува уште 17 лица да пристигнат утре. Брачна двојка од земјава чека евакуација од појасот Газа. Вкупниот број Македонци за кои е информирана владата е 150 лица...

Брачна двојка од земјава чека евакуација од појасот Газа. Иако моментално се згрижени, со оглед на случувањата – не се безбедни, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи. Рече дека двојката кога стигнала на границата со Египет, преминот се затворил. Комуницираат со нив, но шефот на дипломатијата оцени – извлекувањето ќе оди потешко.
Министерот потврди дека уште петмина наши сограѓани се вратиле во земјава, а Израел го напуштиле 17 лица.
Откако избија воените дејствија меѓу Израел и Палестина, домашните институции идентификувале 150 нашинци затекнати на нивна територија. Досега се евакуирани 60. Останатите 90 луѓе се очекува да го напуштат жариштето до крајот на работнава недела.
Анита Димитријевска – Велковска
