Искористените батерии – опасност или можност!?

27.05.2014 15:52

Можностите од батериите се големи: со рециклирањето може да се оствари солидна заработувачка, но и заштеда на енергија и суровини...

Искористените батерии се опасни  доколку се фрлаат со комуналниот отпад. Со неодговорното однесување кон батериите, последиците може да бидат фатални.

„Батериите во нив содржат тешки метали, како жива, никел и кадиум, па со испуштање на овие метали во депониите се загадуваат почвите, а потоа и храната којашто ние ја јадеме, што потоа може да предизвика и канцер“, вели Антониот Јовановски од „Гоу Грин“ Скопје.

Можностите од батериите се големи: со рециклирањето може да се оствари солидна заработувачка, но и заштеда на енергија и суровини.

„Државите кои се понапред во третирањето на животната средина, како Шведска, Норвешка, Словачка, од рециклирањето прават добар бизнис“, изјави Стево Темелковски, заменик министер за животна средина.

Обврската за подигање на свеста на јавноста, ја преземаат невладиниот сектор и институциите. Граѓаните апелираат дека немаат можност за селекција на батерии.

Милиони батерии се употребуваат и се отфрлаат од употреба секојдневно.

 

Лука Андреев