Македонија

Културните работници ги бараат своите права кои им следуваат согласно со колективниот договор

12.10.2023 13:53

Вработените во културата нема да ги прифатат изготвените решенија за регулирање на платата спротивно на нивната волја и колективниот договор, предупредија од Синдикатот на културата и од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура...

Културните работници со порака до Министерството за култура – да престанат да вршат притисок врз институциите и директорите во насока на тенденциозно инфилтрирање во изготвувањето на содржината на решенијата.

Да не се потпишува ниту едно решение спротивно на интересите на членството, се до конечен договор меѓу надлежните и синдикатите, порачаа и од Самостојниот синдикат за образование, култура и наука.

Од синдикатите се надеваат дека ќе бидат повикани на средба во ресорното Министерство со цел наоѓање на заемно прифатливо решение. Во спротивно велат, мерките ќе се радикализираат, а ние нема да попуштиме и подлегнеме под притисок.

 

Марија Котовска