Медопроизводството е нападнато од „лажен“ мед
Со климатските промени, намаленото сточарство, со годините се преполови производството на медот. За пчеларите најголем проблем останува увозот на „лажен“ мед“ кој, сметаат, не се контролира. Пчеларите не се откажуваат. Македонија сè уште е со низок процент на консумирање на здравиот и хранлив производ. Не помага ниту скапотијата. Во Прилеп се одржува традиционалниот Саем на медот...

Прилепчанката Флорина Бошкоска е млад пчелар. „Занаетот“ го наследила од татка си. Од мала е со пчелите и сака да го развива пчеларството и да го храни семејството.
Годинава е просечна за медопроизводството, а проблемите остануваат. Влијаат климатските промени, намаленото сточарство со годините го преполови производството, па нема доволно за извоз. Најголем проблем кој не се решава е нелојалната конкуренција и продажбата на „лажен“ мед. Нема контрола.
Пчеларите не се откажуваат и прават сè за да се зголеми производството. Ама, има и реални пречки.
Во Прилеп се околу 200 пчелари.
Елизабета Митреска
