НАТО Самит за невралгичните подрачја во светот
Урнати населби во регионот Суми во Украина. Речиси 600 денови трае инвазијата во земјата, во која речиси десетина милиони жители пребегаа во западноевропските земји и Северна Америка. Во Брисел се одржува состанокот на министрите за одбрана на НАТО. На Самитот ќе се разговара и за Косово, Ирак и за неизбежната актуелна тема-Блискиот Исток...

Драматични снимки од Никопол на Дњепар во Украина. Погодена е гимназија, во урнатините се пронајдени четири тела, на маж и три жени, во установата не биле гимназијалците. Урнати се и домови, фарми и продавници.
Крајот на трагедијата во Украина и по шестотини дена не е на повидок. Руската артилерија со топовска канонада го опсипува местото Олексијевка во украинскиот регион Суми. Тоа е одмазда за беспилотните експлозивни летала врз руската гранична област Белгород.
„Дојдоа да купат сладолед. И тогаш почна, и тука и насекаде. Ги однесов овде, ги заштитив, почна и стрелбата, побегнаа дома. Не е нормално, веќе ми страв да работам“, изјави Оксана-продавачка.
„Минофрлачи денеска и во Константиновка. Вчера од изутрина селото Степне беше бомбардирано и гранатите паднаа во центарот, се искршија прозорците на шест домаќинства. Се беше уништено. Сполај му на Господа само едно лице беше повредено“, изјави Микола Торијаник, жителка на Олексијевка.
Во селата останаа само немоќните или една третина од жителите.
Министрите за одбрана на НАТО во Брисел се договорија за испраќање на нова воена помош за Украина во вредност од 200 милиони долари. За Киев приоритет е муницијата. Повеќе невралгични подрачја се наметнуваат пред Самитот.
„На министерскиот состанок дискутиравме за Блискиот Исток, Украина, Косово, за одвраќањето и за одбраната и за вашата водечка безбедносна улога, секретарот Остин на сите НАТО сојузници. За Украина, европските партнери и Канада веќе направија нови чекори на поддршка“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
„Остануваме посветени на зајакнувањето на одбраната на НАТО. Алијансата е силна и сега пообединета од кога и да е. Ќе дискутираме на темите и ќе донесеме одлуки за акции и за трансатлантската безбедност“, изјави Лојд Остин секретар за одбрана на САД.
На Самитот беа потпишани две нови иницијативи за засилено сојузништво во НАТО. Првата е за заеднички тренинзи за летовите на Алијансата ширум Европа, втората е за отворено небо на континентот. Меѓу потписничките на договорите е и Северна Македонија.
Зоран Богатинов
