Македонија
Гордана Јанкуловска на 1-ви ноември излегува од затвор
12.10.2023 18:06
Апелација и ја уважи жалбата...

Гордана Јанкуловска на 1-ви ноември излегува од затвор. Апелација и ја уважи жалбата. Од судот информираат дека Кривичниот суд ја уважи жалбата на Апелациониот суд Скопје на осудената Гордана Јанкуловска, и ја отпушти осудената на 1-ви ноември од издржување на казна затвор под услов до истекот на условниот отпуст, 28.9 2024 година да не стори кривично дело.
Поранешната министерка Јанкуловска беше упатена во затворот во Идризово за издржување казна затвор од четири години откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк“.
