Македонија

ИН МЕМОРИАМ: Кирил Тренчевски

12.10.2023 17:25

Кирил Тренчевски беше автор на Правилникот за планирање, продукција, емитување и документирање на телевизиска програма...

Ненадејно почина нашиот колега Кирил Тренчевски, кој во Радио-Телевизија Скопје се вработи во 1984 година како помлад асистент по режија, а од 1988 година до денес беше раководител на Одделението за планирање на Македонската телевизија, каде што даде посебен и значаен допринос за реализација и продукција на телевизиска програма. Кирил Тренчевски беше автор на Правилникот за планирање, продукција, емитување и документирање на телевизиска програма.

Погребот ќе се изврши на градските гробишта Бутел, во сабота, 14.10.2023 година во 14.00 часот, а во капела ќе биде изложен од 13.00 часот.