Претставата „Антигона“ на театарот од Плевен, Бугарија најдобра на Фестивалот на античка драма „Стоби“
Три од четирите награди на Фестивалот на античка драма „Стоби“ одржан во Велес ги освои претставата „Антигона“ на драмскиот театар од Плевен, република Бугарија...

Претставата „Антигона“ во режија на Александар Морфов на Драмски театар Плевен, Република Бугарија е победник на јубилејниот 20 Фестивал на античка драма „Стоби“. Таа освои три од четирите награди, Гран при, за режија и машка ролја за Денис Донков.
„Овие награди се огромно признание за нашиот вложен труд. Многу сме благодарни што нашата работа е признаена од жирито на еден значаен фестивал како што е вашиот“, изјави Денис Симеонов, режисер на претставата „Антигона“.
Наградата за женска ролја ја доби Илина Чоревска од Битолски театар, за улогата на Медеја во претставата „Мај нејм ис Медеја“, која беше прогласена за најдобра за истата улога и на националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Фестивалот донесе ново читање, нов концепт на античките текстови, соодветно на времето кое го живееме.
На фестивалот во конкуренција за награди беа одиграни седум претстави од Македонија, Турција, Грција, Србија, Бугарија и Казахстан. За десет дена се одржаа 30 настани.
Петар Печков
