Струга
Втор конгрес на медицински сестри во Струга
13.10.2023 09:15
Вториот конгрес на медицинските сестри ќе се одржи денеска во Струга, соопштија Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“...

Вториот конгрес на медицинските сестри ќе се одржи денеска во Струга, соопштија Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.
– Унијата на ЗМСТАС, годинава предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, за првпат како рамноправна членка на Балканската асоцијација на медицински сестри, го организира овој голем едукативен настан на тема „Здравствената нега – научна дисциплина“.
За првпат ќе бидат доделени и одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра – Славјанка Влахчева, се наведува во соопштението.
