МВР

Претрес во Демир Хисар, пронајдени пушки и муниција, приведено едно лице

13.10.2023 10:18

На 12.10.2023 во Демир Хисар, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ц.(61) од Демир Хисар...

На 12.10.2023 во Демир Хисар, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ц.(61) од Демир Хисар.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 мм, воздушна пушка калибар 4,5 мм и 17 куршуми калибар 12 мм.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.