Изложба на Перо Кованцалиев во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп
Изложбата е составена од дваесет скулптури кои претставуваат акумулација на човечки уши изведени во повеќе материјали, бронза, алуминиум и полиестер...

Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска ќе биде отворена изложбата „Послушност“ од уметникот Перо Кованцалиев.
Изложбата е составена од дваесет скулптури кои претставуваат акумулација на човечки уши изведени во повеќе материјали, бронза, алуминиум и полиестер. Акумулациите се изградени во неправилни низи и вообразуваат формации на неправилни форми.
Проектот покренува општествени прашања и дијалози за моќта на авторитарноста и слепата послушност. Уметникот во општествениот систем, неговата активност и функција како и индивидуалноста на поединецот во организираната подреденост.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура.
