Албанија запиша нов голем триумф во квалификациите за ЕП 2024
Фудбалската репрезентација на Албанија запиша нов голем триумф во квалификациите за Европско првенство 2024 откако синоќа со 3:0 ја победи Чешка..

Фудбалската репрезентација на Албанија запиша нов голем триумф во квалификациите за Европско првенство 2024 откако синоќа со 3:0 ја победи Чешка и после Полска скроти уште еден фаворит.
Албанците веќе се скоро на Евро 2024. Албанија синоќа против Чешка покажа дека заслужено е прва во групата Е со 13 бода од 6 меча.
Против Чешка синоќа Албанците поведоа со 1:0 во 9′ минута со нов прекрасен гол на Јасир Асани од далечина. Покрај Јасир Асани за Албанија игра уште еден фудбалер роден во Македонија. Таулант Сефери синоќа со два гола после погодокот на Асани удри печат на големиот и убедлив триумф на Албанија од 3-0 против Чешка.
Фото:/ Facebook УЕФА 2024
