Интернационална награда Енерџи глоуб за советникот Славко Митовски

27.05.2014 16:26

Енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски” ги исполни критериумите на експертите од комисијата на фондацијата Енерџи Глоуб и ја понесе наградата најдобар еколошки проект од Македонија за 2014.
 
На советникот за енергетска ефикасност од општина Кисела Вода, Славко Митовски, денеска наградата му ја врачи трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл, кој пред присутните ја нагласи важноста на ваквите проекти.
 
Целта на Energy Globe е да се подигне светското внимание на одржливи, секаде применливи решенија за животната средина и да ги мотивира луѓето да станат активни во оваа област. Националните награди се доделуваат во соработка со претставништвата на Австриската Стопанска Комора-истакна трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл.