Стопанската комора поднесе Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност
Стопанската комора на Северна Македонија вчера ја поднесе Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија...

Стопанската комора на Северна Македонија вчера ја поднесе Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на Р.С.Македонија.
Иницијативата цели да ги заштити интересите на своите членки, но и да укаже на основните процедури и принципи на работа што мора да се почитуваат.
Комората тврди дека ова е редок позитивен пример каде целата бизнис-заедница е обединета. Со неа, преку аргументиран пристап, бизнисот бара да се обезбеди гаранција на правната сигурност, како составен дел на принципот на владеење на правото што е неопходен во процесот на работењето на компаниите, соопштуваат од Стопанска комора.
