Македонија

Организиран авионски превоз заради евакуација на сите државјани на РС Македонија од Израел

13.10.2023 12:11

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер-лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаат да го напуштат Израел...

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер-лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Македонија.

Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво – Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.