Стечајци - добри фармери

27.05.2014 16:28

Фармерството им го продолжи животот на Семејството Миноски од Гостиварско Пожаране. Кога како стечајци ја изгубија надежта, свртеа нов лист во животот.

Некогаш учителка сега фармерка. Стечајката Благица од Гостиварско одгледува кози, зема субвенции, продава сирење и кашкавал. Работи речиси по цел ден и заработува повеќе од порано.

Муштерии за еколошката храна имаме и од Скопје, вели фармерката Благица Миноска.

„Правам сирење, кашкавал, урда- не е тешко. Имаме 20-тина молзни кози“, вели Благица.

Нејзиниот сопруг Јеврем вели дека в година стадото ќе го зголеми. Бере по 500 килограми ореви, собира по два тони костени. Со добрите приходи овој фармер планира да ја реновира старата таткова куќа. Дојде во Пожарене и не се врати во Гостивар.

„Посебна препорака од докторите е сурутката. Порано ја фрлавме, сега не можеме да постигнеме да ја правиме“, вели Јеврем.

Семејството Миноски оваа работа ја работат со љубов, сите кози и јариња  имаат име.

Имаат желба селото да заживее да се вратат и младите да ја побараат  егзистенцијата, овде во Пожаране.

 

Дијана Ценевска