Франција

Напад со нож во Франција, загина наставник

13.10.2023 14:23

Напад со нож во училиште во северниот француски град Арас. Загина учител, а неколкумина се повредени.

Напад со нож во училиште во северниот француски град Арас. Загина учител, а неколкумина се повредени.

„Напаѓачот беше вооружен со два ножа. Ме праша дали сум професор по историја по што избегав. Се забарикадирав и подоцна видов како пристигнуваат итните служби“, изјави Мартин Дусо-професор по филозофија.

Според властите, осомничениот напаѓач е уапсен, а истрагата е предадена на Обвинителството за антитероризам. Осомничениот бил Чеченец со руско потекло и поранешен ученик во гимназијата.