Засега нема регистрирано зголемување на бројот на пациенти со сезонски грип
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип а моментално во земјава нема регистрирано зголемување на бројот на пациенти со ова вирусно заболување...

Околу десет илјади граѓани за пет дена откако започна пријавувањето, се регистрирале за вакцинација против сезонски грип. Засега кај матичните доктори нема регистрирано зголемување на бројот на пациенти со ова вирусно заболување. Тие велат состојбата е редовна.
Приватните доктори од Македонија преку нивното Здружение побараа повисока вредност на капитациониот бод, со што ќе можат да имаат и повисоки плати. Го поздравуваат покачувањето на платите на докторите од јавното здравство. Не гледаат причина зошто тие, приватните доктори да бидат различно третирани. За да се следи чекорот на просечни плати, така и тие, приватните доктори, треба да имаат повисоки плати. Затоа била потребна корекција на капитациониот бод, кој сега изнесува 75 денари по пациент.
Ова здружение брои околу илјада и петстотини приватни доктори, матични и доктори од секундарното здравство.
Петар Печков
