Јовески: Никој не ми врши притисок
Јавниот обвинител Јовески сведочеше пред пратениците за случајот „Онкологија“. Вели дека нема никакви притисоци во истрагата. Реагираше на јавно пренесениот ревизорски извештај којшто говори за низа пропусти во работењето на Клиниката. Но и посочи дека дел од досиејата на пациентите се задржани поради сомнеж дека има лекарска грешка ...

Никој не ми врши притисок, тврди државниот јавен обвинител Јовески пред пратениците кои бараат одговорност зошто ништо Обвинителството не преземало по ревизорскиот извештај за Онкологија, со наведени пропусти во работењето на Клиниката. Вели преземени се мерки, Обвинителството води предистрага, обезбедени се доказите за да се одбегне и обемна документација во делот на здравствената состојба на пациентите се вршат соодветни проверки на податоците. Еден дел од медицинската документацијата е поделен под сомнение дека има лекарска грешка.
По прозивките дека вчера не дошол иако бил поканет, вели дека доцна бил известен а Деловникот вели не го обврзува да присуствува на седницата но сепак дошол да одговори на прашањата.
По завршување на Комисијата за фиксирање и буџет каде што се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија за 2021, во вторник продолжува Анкетната комисија која треба да утврди дали има политичка одговорност за случувањата на Клиниката.
Според претседателката Рашела Мизрахи, на седницата ќе дојдат поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот Фатмир Меџити.Се прават напори по нив, пред пратениците да се обратат и претставници од Фондот за здравство.
Наташа Јанчиќ Менковски
