свет

Ново убиство на професор во средно училиште во Франција

13.10.2023 18:25

Франција во шок. Напад во училиште во Арас. Убиен професор. Моментот снимен од ученици. Истрагата за тероризам е во тек. Сторителот е уапсен...

Франција повторно во шок. Изутринава гимназијата Гамбета во Арас, беше театар на уште еден настан кој ја потреси Франција. Напаѓач вооружен со нож упаднал во објектот околу 11.00 часот, при што убил професор по француски јазик и повредил тешко уште две лица.

Сцената на нападот е снимена од запрепастени ученици. Снимка, која брзо се прошири на социјалните мрежи, нуди почетен расплет на фактите. Снимен од прозорците на гимназијата од зашеметени ученици, го гледаме напаѓачот вооружен со нож како напаѓа луѓе во дворот на објектот. Човекот кој паднал на земја на грб бил претепан од напаѓачот кој се движел кон друго лице. Неговата определба е целосна со извикот „Алах Акбар“.

Напаѓачот имал два ножа во рацете, вели за медиумите професорот по филозофија од средното училиште Гамбета. Тој рече дека бил бркан од напаѓачот откако се обидел да разговара со него.

„Тој се сврте кон мене и ми рече: „Дали си професор по историја? Дали си наставник по историја? Влегов во зградата и се засолнив. Тој потоа се врати кон шефот на кујната, продолжи да му се заканува со ножот, лицето му крвавевеше. И само потоа видов дека нападот беше многу потежок од тоа што мислев“, изјави Мартин Дусо, професор во СЕ Гамбета во Арас.

Сторителот Мохамед Могучков, e на возраст од 20 години, тој е уапсен од полицијата. Уапсен е и неговиот брат кој не бил таму. Се вели дека и двајцата се по потекло од Чеченија и биле предмет на активно следење од страна на Дирекцијата за внатрешна безбедност на Франција.

Претседателот Емануел Макрон и министрите за внатрешни работи и образование се најдоа на местото на нападот. Националното обвинителство за борба против тероризмот отвори истрага за нападот.

 

Тони Гламчевски