Се помалку приноси на мед во струмичко, пчеларите се жалат и на нелојална конкуренција
Заради климатските промени и годинава приносите со мед во струмичко ќе бидат намалени. Пчеларите велат дека трошоците им се зголемени, а по пазарите веќе се појавува нелојална конкуренција со фалсификатори на мед. Од таа причина тие бараат претпазливост кај купувачите но и поголема контрола од надлежните...

Драстично се намалени приносите на мед во струмичкиот регион. Тоа е резултат на климатските промени велат пчеларите. Принудени се да ги преместуваат пчелните семејства од една на друга локација за паша. Според Ѓорѓи Андонов од пчеларската задруга „Пчелин рај“ ова се случува речиси четири години.
Иако приносите му се намалени, Владо Катранџиев кој има 200 пчелни семејства вели дека нема да се откаже. Во услови на изразени климатски промени овој бизнис станува се потежок но ова не треба да ги обесхрабри младите пчелари.
Андонов и Катранџиев се дел од пчеларите кои имаат освоено повеќе награди за квалитетен мед.
Во Струмичко има над 100 тина пчелари кои се жалат и на нелојална конкуренција од фалсификатори на мед заради што бараат и поголема контрола од надлежните по пазарите но и претпазливост кај купувачите.
Ване Трајков
