Постпандемски по ковид изолацијата, бројот на случаи на семејно насилство во Велес во пораст
Светските предвидувања дека по ослободувањето на рестриктивните ковид мерки, бројот на случаи на семејно насилство ќе се зголеми, се остварија. во велешко изминатата половина година семејното насилство во пораст...

Пост пандемски во Велес и велешко е зголемен бројот на семејно насилство. Ако лани во првите шест месеци имало 18 случаи, во првата половина годинава бројката зголемена на 30. Јавноста живееше во уверување дека во време на ковид пандемијата, кога животот се одвиваше во кругот на семејството, меѓу четири ѕида, имаше зголемување на семејното насилство. Но бројките кои ги објави СВР Велес зборуваат друго.
Во време на живот во карантин, жртвите на семејно насилство имаа намален пристап до сервис за нивна помош, поголем дел од денот го минуваа дома со насилникот, поради што не се охрабруваа да пријават. Светските предвидувања беа дека по ослободувањето на рестриктивните мерки, бројот на пријави на семејно насилство во светот ќе ескалира. Што стана реалност.
Но освен жените, се почесто жртви на семејно насилство се и децата.
Петар Печков
