Временска прогноза

Свежо утро, преку ден сончево и топло

14.10.2023 08:32

Свежо утро, а преку денот сончево и топло со мала локална облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец...

Свежо утро, а преку денот сончево и топло со мала локална облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 29 степени.