Пензионираниот новинар Ставрев раскажува за некогашното искуство на боиштата во Газа
Пензионираниот новинар Ставрев раскажува за некогашното искуство на боиштата во Газа. како дел од мировните сили на УНЕФ, битолскиот новинар бил сведок на третиот арапско-израелски конфликт. Со загриженост ги следи и денешните случувања во Појасот Газа...

Боиштата каде се одвива најновиот воен конфликт, не се непознати за битолскиот новинар во пензија Петар Ставрев. Тој со уште двајца негови сограѓани бил дел од мировната мисија на „УНЕФ“, во рамките на тогашниот југословенски контингент кој броел 300 војници и бил сместен во базата во близина на градот Газа. Вели беше петти јуни, кога изби третиот арапско-израелски конфликт а ние се најдовме помеѓу два огна, па мораше да се евакуираме во песочниот ровови каде ноќите беа екстремно ладни а деновите жешки.
Војните носат страшни сцени, вели Ставрев. Ексклузивно за јавниот сервис раскажа како бил спасен при пишувањето на една парола но и за неговата исклучителна храброст при спасувањето на еден во пламен опфатен офицер.
Во тешките моменти, вели единствено задоволство му било затоа што запознал израелски војници, чии родители потекнувале од Битола и го исполнувал нивниот интерес за градот, во кој еврејската заедница до холокаустот заземаше значајно место. Моменти и траорни сцени кои и по 56 години не се забораваат а артефактите останува да сведочат додава тогашниот мировник.
Стевче Митревски
