Израел

Израелската армија почна операција во Појасот Газа

14.10.2023 09:34

Израелската армија почна операција во Појасот Газа за справување со милитантите на Хамас. Се трага и по киднапираните израелци...

Израелската армија соопшти дека спровела неколку операции во Појасот Газа во изминатото деноноќие. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари на мрежата Х напиша дека целта на овие операции е „да се исчисти областа од терористи и оружје“.

Биле направени и напори за пронаоѓање на киднапираните лица. Копнените и тенковските трупи барале траги и уништиле „терористичка инфраструктура“ и елиминирале „терористички ќелии“, велат од израелската армија. Нема информации за бројот на загинати.

Во меѓувреме, трае евакуацијата на палестинското население. Граѓаните во паника забрзано се преместуваат на југот од Појасот Газа.