Независниот синдикат на здравство најави предупредувачки протест
Во четврток со полчасовен предупредувачки протест Независниот синдикат за здравство ќе изрази револт за неисполнувањето на досегашните барања . Надлежните им понудиле покачување на платите на медицинските сестри за 15 проценти но велат поголема плата треба да земат и лаборантите и радиолошките техничари.

Кристина Олевска е медицинска сестра во Градската општа болница „8 септември“. Има 25 години работен стаж, вели, не зема плата ниту 30.000 денари плата и покрај последното покачување од 10 проценти. Според неа, со овие пари поради инфлацијата не може достоинствено да живее. Таа и Независниот синдикат за здравство в четврток ќе почнат со предупредувачки протест, во надеж дека нивните барања ќе бидат слушнати.
Надлежните на медицинските сестри им понудиле покачување на платите за 15 проценти, но, се бара нагорна корекција и на примањата на лаборантите, радиолошките техничари и сите останати, како и трансформација на договорите за вработување.
Од Независниот синдикат, велат дека нивните барања се однесуваат на 22.000 вработени во здравството.
Наташа Јанчиќ Менковски
