Макрон мобилизира 7.000 војници по исламистичкиот терористички нападот во Арас
Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници, за да се засилат безбедносните патроли во земјата, откако 20-годишен исламски екстремист избоде до смрт локален наставник...

Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници, за да се засилат безбедносните патроли во земјата, откако 20-годишен исламски екстремист избоде до смрт локален наставник во средно училиште.
Елисејската палата соопшти дека воената мобилизација ќе се спроведува до понеделник вечер и ќе важи во следниот период, што ќе биде проследен со редовни патроли во главните градски центри и популарни туристички места.
Кабинетот на францускиот претседател, потврди дека безбедносните сили спречиле нов „обид за напад“ во друг регион, без да прецизираат во кој регион.
