САД
Републиканците го номинираа Џим Џордан за претседател на Претставничкиот дом
14.10.2023 13:17
Џим Џордан е номиниран за функцијата претседател на Претставничкиот дом, откако победи на интерното гласање меѓу републиканците

Претседателот на Комитетот за правосудство во Американскиот конгрес, Џим Џордан е номиниран за функцијата претседател на претставничкиот дом, откако победи на интерното гласање меѓу републиканците, објавија партиските лидери.
Џордан со тајно гласање го победи Остин Скот, кој, исто така, припаѓа на тврдото крило на партијата. Џордан доби 124 гласа, а неговиот противкандидат 81.
Долниот дом на Конгресот е парализиран веќе 10 дена поради досегашните неуспешни напори да се избере „спикер“ кој би го наследи Кевин Мекарти на кого претходно му беше изгласана недоверба.
