Жители на неколку шарпланински села на протест
Жителите на неколку шарпланински села го изразија револтот од како што рекоа намањето на право да вршат сеча на државен, а за користење на шумата во приватен имот процедурата е сложена. Бараат границите на националниот парк да започнуваат од поголема надморска височина со цел истите да не задираат во приватен имот. Од НП Шар Планина велат дека паркот работи согласно законот со цел заштита на природата.

Имаме наш имот, а не можеме да го користиме, а немаме право на сеча на државна шума, се пожалија мештаните на протестот организиран покрај регионалниот пат кај село Вратница.
Голем дел од населението е со нерасчистени имотни правни односи, па процедурата за добивање на дозвола за сеча на шума на приватен имот е доста посложена, велат мештаните.
Сметаат дека решението на проблемот лежи во поместување на границите на Националниот парк.
Од Националниот парк Шар Планина, велат дека ниту еден жител кој имал комплетна документација не чекал дозвола повеќе од две недели за сеча на шума во приватен имот.
„Во државна шума не можеме да дадеме одобрување за сеча, затоа што сè уште немаме Планови за управување со шуми“, дополнија од установата.
Мештаните истакнаа дека се до исполнување на нивните барања ќе продолжат со протестите и истите ќе ги радикализираат.
Зоран Димовски
