Унапредување на статусот на руралната жена и на земјоделското производство
Саем на земјоделски производи и здрава храна во пресрет на 15-ти октомври, Меѓународниот ден на руралната жена. Нејзиниот статус сè уште не е дефиниран, а неопходно е и унапредување на земјоделското производство од кое треба пристојно да се живее...

Соња Кусоска од крушевско произведува козјо сирење. Вели, многу се бара на пазарот. Субвенциите се преполовени, но мора да се унапреди производството.
Пелагониско-поречкиот регион има одлични услови за земјоделско еколошко производство, но не се доволно искористени. Од едно не се живее. Недостасуваат инфраструктурни вложувања, а треба и заеднички настап на производителите.
И во 21 век сè уште се истите предизвици со кои се соочуваат руралните жени – пристап до социјални и здравствениот услуги, до можност за економски раст и развој.
Саемот на земјоделски производи е во пресрет на 15 октомври-Меѓународниот ден на руралната жена.
Елизабета Митреска
