Прилеп

Менталното здравје е во опасност, нема доволна грижа

15.10.2023 09:49

Менталното здравје е во голема опасност, уште повеќе во ова постпандемиско време. Потребата од психолози е голема, фондот не признава ако не се во јавна здравствена установа. Потребна е стручна поддршка за да се излезе од маѓепсаниот круг на анксиозноста и депресивноста...

Не инвестираме во менталното здравје на населението. Остана уште повеќе разнишано по пандемијата. Најчести се анксиозноста, депресивноста. Многу е тешко да се дојде до термин кај стручно лице, но невозможно е да се најдат доволно психолози во здравствените установи. Фондот за здравство не ја покрива оваа помош надвор од јавните установи, алармираат психолозите и психијатрите.

Немарноста во заштитата на менталното здравје влијае на функционирањето на целото општество.

Барањето психолошка помош, особено за мажите останува табу-тема. Затворени се кога станува збор за психолошките проблеми.

Не е проблем да се биде тажен и депресивен. Проблем е ако брзо не се излезе од тој маѓепсан круг.

 

Елизабета Митреска