Здравство

МЗ: Можностите не дозволуваат нови покачувања

14.10.2023 15:52

Оваа година два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници. Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално им беше образложен пристапот на Владата и Министерството на здравство...

Оваа година два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници. Еднаш во првата половина на годината се покачија за 2.000, 2.500 и 3.000 за три различни групи здравствени работници.

Сега на 9-ти октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината. Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и министерството за здравство и министерот д-р Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓу другото и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе.

Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално им беше образложен пристапот на Владата и Министерството на здравство во однос на покачувањата, стои во соопшетнието од МЗ.