Временска прогноза

Сончев и топол ден, од утре пад на температурите

15.10.2023 08:22

Денеска сончев и топол ден. Во понеделник, според УХМР, времето ќе биде променливо облачно и ветровито...

Денеска сончев и топол ден, а кон крајот на денот во северните и западните делови од земјата ќе има мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 29 степени.

Во понеделник, според УХМР, времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови.